Брисел

ЕУ: Странските сили да си заминат од Либија

05.04.2021 11:16

Претседателот на советот на ЕУ, Шарл Мишел на прес-конференцијата во либискиот главен град Триполи, го опиша назначувањето преодна влада на почетокот на оваа година како „историски момент“.

Европската унија ги повика сите странски сили и платеници да си заминат од Либија, истакнувајќи дека тоа е предуслов за враќање на стабилноста во земјата разурната од војна.

Претседателот на советот на ЕУ, Шарл Мишел на прес-конференцијата во либискиот главен град Триполи, го опиша назначувањето преодна влада на почетокот на оваа година како „историски момент“.

Истакна дека ЕУ ги поддржува напорите за национално помирување.