Безбедност
Заев: Национална гордост е фактот што сме дел од НАТО семејството
05.04.2021 11:32
ационална гордост и успех е што северна македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството“, напиша пемиерот Заев на Фејсбук.

НАТО денеска одбележува 72 години од основањето. „Национална гордост и успех е што северна македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството“, напиша пемиерот Заев на Фејсбук.
Денеска членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука. За тоа дека патот напред, е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани, се вели во објавата на премиерот Заев.
