Тито Петковски нема да се кандидира за пратеник

20.03.2014 11:56

Тито Петковски нема да се кандидира за нов пратенички мандат во Собранието. Тој ова го потврди во изјава за „Утрински весник“.

Петковски е лидер на партијата НСДП која имаше четири пратенички мандати во последниот состав на Собранието.  Останатите тројца негови пратеници, Горан Мисовски, Соња Мираковска и Николче Ацевски имаат пратенички амбиции. На нивно место се очекува да се сместат пратениците на ЛДП, кои барале 3 пратенички сточлчиња, но според последните информации, максимумот до кој мож да дојдат се две пратенички позиции.

Анкетите покажуваат дека престојните парламентарни избори лесно може и да го намалат бројот на пратеници на СДСМ, па оттука сосема јасно е зошто се вжештва борбата на Бихаќка за место погоре на пратеничките листи.