Во Скопје за 24 часа хоспитализирани 50 нови пациенти
Вкупно 699 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка …

Во изминатите 24 часа во Ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 699 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните и хируршки клиники имало 32 приеми. Во Ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 2 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не бил примен нов болен, а 6 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 4 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
Во моментов во Ковид центрите на интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 35 болни.
Вкупно 699 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 60 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка.
