Компании

Објавен првиот повик за компаниите во рамки на програмата „Хоризонт Европа“

05.04.2021 12:32

Повикот е наменет за проекти кои нудат нови, високо ризични технологии и процеси за кои е потребно темелно истражување – од иновација до пазар, а на него може да учествуваат компании, истражувачки центри, универзитети и бизнис асоцијации...

Објавен првиот повик за компаниите во рамки на новата седумгодишна европска програма за истражување и развој „Хоризонт Европа“. Клучен новитет е Европскиот иновациски совет. Компаниите ќе добиваат поддрша за реализација на иновативни проекти.

Повикот е наменет за проекти кои нудат нови, високо ризични технологии и процеси за кои е потребно темелно истражување – од иновација до пазар, а на него може да учествуваат компании, истражувачки центри, универзитети и бизнис асоцијации кои треба да соработуваат за да ја постигнат целта на Европската унија да стане конкурентна и иновативна економија со зголемени капацитети за извоз и интернационализација.

За да се аплицира на повикот, потребно е формирање конзорциум од минимум три партнери. Проектите кои ќе се добијат во рамки на овој повик ќе бидат 100 отсто кофинасирани и намалку 70 приценти од буџетот треба да биде наменет за компанијата.

Максималниот грант е три милиони евра, а апликацијата е максимално поедноставена. Предлог проектот во кој треба да се објасни целиот процес за развој на една иновација, треба да се стави на максимум 17 страници. Новина е тоа што евалуаторите пред да донесат конечна одлука дали проектот е подобен за финасирање, ќе побараат дополнителни објаснувања од самиот апликант – нешто што досега не беше овозможено, изјави Јадранка Аризанковска, координатор на проекти во Стопанската комора.

Според неа, Европскиот иновациски совет е клучен новитет на „Хоризонт Европа“ програмата, преку кој компаниите ќе добијат поддршка во реализација на своите иновативни проекти и преку Европскиот иновациски совет како дел од програмата би се реализирале потпрограмите наменети за компаниите.