Е- трговија

135% раст на прометот кај домашните е-трговци во 2020-та, Македонците потрошиле 229,5 милиони евра онлајн

05.04.2021 12:47

Доколку се погледне вкупната вредност на трансакциите, во 2020 година, Македонците потрошиле 229,5 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци. Се менува структурата на реализираните трансакции и сѐ повеќе се купува од домашни е-трговци, соопштуваат од Асоцијацијата за е- трговија.

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата во земјава забележува значително забрзан раст. Како што соопштуваат од Асоцијацијата за Е- трговија, а согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка, растот на вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашни интернет продажни места изнесува 135% во 2020 споредено со 2019 година.

Во 2020 година реализирани се 178 милиони евра кон домашните е-трговци (од кои 6% или 11 милиони евра се направени со странски картички), додека во 2019 вредноста на реализираните трансакции кон домашните е-трговци изнесувала 75 милиони евра.

Што се однесува до вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон странски е-трговци, истата бележи пад од 54% во 2020 година споредено со 2019 година или во апсолутен износ реализирани се 62 милиони евра во 2020, наспроти 135 милиони евра во 2019 година. Секако, ова е очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања. Оттука, падот на трансакциите направени кон странски е-трговци во најголема мера може да се каже дека се должи на авио-билети, хотелски сметувања и слично.

Што се однесува до бројот на трансакциите, во текот на 2020 година реализирани се вкупно 10 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 6,7 милиони во текот на 2019 година што претставува пораст од 50,1%.

Доколку се погледне вкупната вредност на трансакциите, во 2020 година, Македонците потрошиле 229,5 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци. Се менува структурата на реализираните трансакции и сѐ повеќе се купува од домашни е-трговци, соопштуваат од Асоцијацијата за е- трговија.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во 2020 година, 40,1% од поединците со интернет пристап направиле нарачи/купиле онлајн во последните 12 месеци, напроти 36% во 2019 година. Во 2017 само 20% купувале онлајн.