Пошта

Марка со ликот на Блаже Конески пуштена во оптек

05.04.2021 12:55

Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара може да се најде во Бирото за филателија во „Пошта 2“ во Скопје …

Марка со ликот на великанот Блаже Конески од денес е во оптек во 6.000 примероци, со што „Пошта на РСМ“ се вклучи во одбележувањето на јубилејот – 100 години од неговото раѓање.

Илустрирана е со портретот на Конески, дело на академик Димитар Кондовски. Во вредност од 72 денара, може да се најде во Бирото за филателија во „Пошта 2“ во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски на промоцијата порача дека негувањето и афирмацијата на македонскиот јазик не е само долг кон делото на академикот Конески, туку и долг кон самите себе си, долг кон сите наши предци, долг кон идните генерации.

Директорот на „Пошта на РСМ“, верува дека на секој наш сограѓанин, а особено на филателистите ќе им биде предизвик да ја вметнат марката во сопствената колекција.