Згрижување

Шахпаска: Протоколите во градинките строго се почитуваат, состојбата е стабилна

05.04.2021 12:55

Во моментов имаме 59 нови позитивни вработени и 11 деца. Таа динамика е константна. Втората седмица во ноември беше пикот во градинките, вели министерката за труд и социјала...

Бројките се стабилни и нема екстремно покачување на бројот на заразени со Ковид-19 во градинките. Протоколите строго е почитуваат, соопшти денеска министерката за труд, Јагода Шахпаска.

„Во моментов имаме 59 нови позитивни вработени и 11 деца. Таа динамика е константна. Втората седмица во ноември беше пикот во градинките. Родителите веруваат во функционирањето на поставените протоколи во градинките, а за тоа потврдува дека нема ширење на заразата во нив“, посочи Шахпаска.

Таа потенцираше дека МТСП цело време работи на тоа да се зголеми опфатот на деца. Како и дека со Протоколот помал број на деца врзуваат еден тим на воспитувач и неговател. Истакна и дека изминатите седум месеци беа отворени 11 градинки со опфат на 670 деца, а при тоа беа застапени и општините кои за прв пат добиваат градинка и можност нивните деца да добијат предучилишно воспитание и образование.