Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021-ва година
Апликациите можат да се поднесат електронски, преку интернет- страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31-ви мај 2021-ва година. Апликациите можат да се поднесат електронски, преку интернет- страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Апелирам до сите земјоделци, пред да поднесат барања за субвенции да ги ажурираат податоците за да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги презема податоците кои се важен сегмент за стекнување право за добивање субвенции. Потоа може преку веб страницата на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е- барање, истакна директорот на Агенцијата, Бачовски.
Земјоделците, додаде директорот, не треба да бидат збунети од новиот изглед на барњето. Станува збор за ново софтверско решение кое ги има сите функционалности потребни за поднесување на апликацијата за единствено барање.
