Адвокатите на Мијалков бараат да се ослободи од обвинение
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првообвинет во „Трезор“, во Лондон не договарал набавка на опрема за потребите на УБК, тврди одбраната. Во завршните зборови неговите адвокати посочија дека целото обвинение е конструкција...

Одбивателна пресуда во случајот Трезор да донесе судот за Сашо Мијалков затоа што обвинителството не ја докажа неговата вина. Ова го побараа во завршен збор адвокатите на поранешниот шеф на тајната полиција. Тврдат дека Мијалков во Лондон не се сретнал со претставници на фирмата Гама за да договори во четири очи купување на опрема за УБК, во незаконска процедура, како што тврди обвинителството.
Адвокатите велат, нема штета врз Буџетот. Вештачењата покажале дека парите што ги добила фирмата Финзи ги потрошила за купување и одржување на опремата и не остварила екстра профит. Мијалков ништо не дополни во завршен збор. Рече се сложува со кажаното од неговите бранители.
Според обвинението Мијалков како поранешен шеф на Управата и неговите соработници Тони Јакимовски, Горан Грујовски и Небојша Стајковиќ во 2010-тата година незаконски купиле софтвер за шпионажа на компјутерски програми за потребите на УБК.
Анита Димитријевска Велковска
