Филипче: Новиот сој остава посериозни последици, лекувањето трае подолго

05.04.2021 15:31

Се забележува влошување на состојбата и кај млади пациенти. За разлика од претходниот бран кога за 14 дена пациентите оздравуваа, сега на 12 или 13 ден има влошување на состојбата и на млади пациенти, некои завршуваат и фатално, вели министерот за здравство.

Новиот сој на корона вирусот остава посериозни последици кај заразените, поради што и се лекуваат подолго, изјави на денешната прес- конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Се забележува влошување на состојбата и кај млади пациенти. За разлика од претходниот бран кога за 14 дена пациентите оздравуваа, сега на 12 или 13 ден има влошување на состојбата и на млади пациенти, некои завршуваат и фатално, вели министерот за здравство.

Сметаме дека празниците кои доаѓаат може да ја комплицираат епидемиолошката состојба и не сакаме да дозволиме да се случи дополнително оптоварување и затоа се сите овие мерки и рестрикции. Ангажирани се сите болнички капацитети и во функција се сите ковид - болници. Има намалување на инциденцата во некои градови, но во Куманово, Битола, Кичево и Тетово со уште висока инциденца, изјави Филипче.

Министерот посочи дека во функција е и болницата во Козле каде се хоспитализираат пациенти. Дополни дека вакцинацијата добро се спроведува и се вакцинираат околу 300 граѓани на час.