Караџовски: Вирусот не е истиот што беше во ноември, мерки мора да има
Се насобраа огромен број на случаи, за период од две- три недели се наполнија болниците, изјави претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Жарко Караџовски. Не ја оценува состојбата како катастрофална, бидејќи ниеден пациент не е оставен медицинска нега.

Вирусот сега не е истиот, расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на Ковид-19 од над 1.200 на ден. Се насобраа огромен број на случаи, за период од две- три недели се наполнија болниците, изјави претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Жарко Караџовски. Не ја оценува состојбата како катастрофална, бидејќи ниеден пациент не е оставен медицинска нега.
„Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број“, изјави Караџоски.
Караџовски соопшти дека најголем пренос на болеста во моментов има во Битола. Рече дека очекува со мерките на здравствените работници да им се даде малку одмор, здравствените власти да обезбедат нови кадри, а оние капацитети кои се оспособуваат да бидат завршени, и да се вакцинираат што повеќе лица.
