ВМРО-ДПМНЕ: Лица од балканското подземје добиле документи издадени од МВР
Според ВМРО-ДПМНЕ, водач на клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, поседувал македонски пасош на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево. Оттаму била издадена и лична карта на Седат Пекер како Џадин Адемовски.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека државата станала соработник и закрилник на наркобосови од Србија, Турција и Албанија. Опозициската партија достави документи до медиумите. Две лица добиле македонски лични документи издадени од МВР.
„Се работи за легални пасоши, одобрени, изработени и издадени од МВР и полициски структури, но, со украден идентитет, од внимателно одбрани лица кои подолго време не користеле пасоши“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според ВМРО-ДПМНЕ, водач на клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ, поседувал македонски пасош на име Ѓорги Андонов, издаден во полициската станица во Драчево. Оттаму била издадена и лична карта на Седат Пекер како Џадин Адемовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека документите им ги испратил свиркач. Најавија дека целосната документација што ја поседуваат ќе ја предадат на Јавното обвинителство. Од МВР засега без официјален став на информациите од ВМРО-ДПМНЕ за како што ја нарекоа од партијата, афера „Мафија“.
Наташа Гркова Петрушевска
