Од утре забрана за движење од 20 часот, од среда се затвораат угостителските објекти
Полициски час од 20 часот до 5 часот изутрина, затворање на угостителските објекти, теретаните, обложувалниците. Комисијата за заразни болести предложи, Владата ги прифати новите рестриктивни мерки. Апел за претпазливост од властите, се очекува нов пик во следниот период...

Полициски час од 20 навечер до 5 наутро. Ќе трае до 20-ти април. Се затвораат угостителските објекти и кладилниците, сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, се забрануваат семинари и конференции. Владата го прифати предлогот на Кризниот штаб. Останува и забраната за групирање на повеќе од четворица граѓани. Оние кои се вакцинирале смеат да се враќаат до своите живеалиште за време на полицискиот час, но со покажана потврда за извршена имунизација.
Ситуацијата со корона вирусот во земјава е влошена. Владее британскиот сој, чиј интензитет не се споредува со претходните бранови, вели премиерот Заев. Апелираше за почитување на мерките.
Според министерот Филипче, хоспитализацијата на пациентите овојпат е многу влошена, со лоша клиничка слика која набрзина се менува од подобро на полошо, и завршува фатално. Иако болниците се преоптеретени, состојбата засега добро се менаџира.
Во последните три недели се случува „бум“ во бројот на позитивни лица. Состојбата е неповолна, но не е катастрофална, оцени претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, Караџовски.
Премиерот Заев и министерот Филипче не чувствуваат одговорност, за тоа како се менаџира со кризата. Шефот на владата вели дека нивните активности се придонес во градење на позитивна клима во државата.
Игор Панов
