Уапсен близок соработник на Дачиќ

20.03.2014 12:15

Според пишувањето на српските медиуми член на кабинетот на поранешниот српски премиер Ивица Дачиќ вчера е уапсен во полициска акција во Белград.
 
Според пишувањето на српските медиуми член на кабинетот на поранешниот српски премиер Ивица Дачиќ вчера е уапсен во полициска акција во Белград.
 
Драгољуб Пеурач, директор на инспекторатот за труд е приведен откако бил пријавен од сопственик на компанија која ангажира вработени на безнсински пумпа дека го рекетира и му барал 30.000 евра. Според информациите кои ги објави српски Курир, Пеурач искористил еден случај во кој вработена на една бензинска пумпа починала на работното место како последица на инфаркт и го уценувал сопственикот, да му исплати 30.000 евра доколку не сака да му ја одземе лиценцата.
 
Сопственикот на фирмата пријавил во полиција по што била организирана акција, а директорот на Инспекторатот е фатен со 15.000 евра мито кај себе.