МВР: Од 22 до 23 часот ќе можат да се изнесат домашните миленици

06.04.2021 09:15

Сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови...

МВР информира дека за време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраењe од еден час, почнувaјќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат.

Од денеска се воведуваат построги рестриктивни мерки. Забраната за движење ќе почнува во 20 часот и ќе трае до 5 изутрина, а до 20-ти април затворени за гости се угостителските објекти.