РУСИЈА
Путин го потпиша законот со кој може да владее до 2036-та година
06.04.2021 10:08
Според правилата, кандидат за оваа функција може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години...
Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот што му дозволува повторно да се кандидира и да владее до 2036-та година.
Според правилата, кандидат за оваа функција може да биде секој граѓанин на Русија не помлад од 35 години, кој престојувал на територијата на државата најмалку 25 години и никогаш немал дозвола за државјанство или постојан престој на друга држава.
