„Игра на престолите“ се сели на театарската сцена
Задачата за театарската адаптација ја презедоа Британците, драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите прикажувања се очекуваат 2023 година.

„Игра на престолите“ се сели на театарската сцена, а авторите на адаптацијата очекуваат претставата да стане хит на театарот во лондонски Вест Енд и на њујоршкиот Бродвеј. Задачата за театарската адаптација ја презедоа Британците, драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите прикажувања се очекуваат 2023 година.
При адаптацијата тие соработуваат со писателот на книжевната сага „Песна за мразот и огнот“ – Џорџ Р.Р. Мартин. Заплетот на претставата ќе биде сместен на турнир во Харенхал, 17 години пред приказната од првата сезона на телевизиската серија на ХБО.
Малкумина знаат дека има крвопролевање меѓу благородничките семејства и полкот што се собраа во Харенхал за да ги поддржуваат најдобрите витези на кралството на големот турнир… Нашиот сон е да го поставиме Вестерос (измислено место од приказната) на Бродвеј (во Њујорк) и во Вест Енд (театар и област во Лондон), но и во Австралија, објаснува Џорџ Мартин.
Во театарската претстава ќе се појават многу од најпознатите ликови од книжевната сага и успешна ТВ-серија што се снимаше осум сезони, од 2010. до 2019 година.
