Селенит- Нежниот кршлив камен со силна енергија и благотворно дејство
Селенитот е познат и како каменот на месечевата божицата Селена, а се смета за љубовен камен со свиленкаст сјај. Селенит е камен со неверојатен изглед поради што бил споредуван со месечината и отсекогаш ги фасцинирал луѓето.

Класичниот минерал има нежна млечно бела боја. Но има и селенит со сина, жолта, или розеникава нијанса, кои се исто така многу убави. Највреден е селинитот со нијанси на мед. Има кршлива структура, тој може да се изгребе дури и со нокт. Затоа лесно се полира и се меле.
Има свиленкаст сјај и уникатен ефект на прелевање на светлосниот појас во зависност од аголот на гледање. Тој е прозрачен поради хемискиот состав од глина, сулфур, хематит, песок и други органски нечистотии. Поради својата кршливост припаѓа на поефтините полудраги камења. Во минатото се користел за изработка на малечки фигури, садови и накит. Накитот најчесто бил во форма на ѓердани од перли, приврзоци и нараквици.
За да трае подолго, каменот се чувал во посебни услови со доволна влажност и оптимална температура. Задолжителни се и посебни лакови со кои се премачкува за да го чува неговиот изворен изглед. Во минатото поради симболиката на нежност, родителите им го подарувале накит од селенит на своите ќерќи за да го ублажат нивниот карактер, да развијат чувствителност и внимателност, попустливост и трпеливост, односно особини за кои се сметало дека треба да ги поседува една девојка. Селенитот затоа се сметал за семеен камен кој дава удобност и добри односи во семејството. Требало да ги штити лубовниците од кавги и незадоволства. Истовремено е камен кој на осамените би им помогнал да најдат искрена, чиста и взаемна љубов. Каменот има посебна сила за време на полна месечина, па затоа тогаш треба да се постапува внимателно.
Освен што се смета за љубовен камен, селенитот е верен помагач во религијата. Многу верници носат амајлии од селенит во текот на ходочастието. Луѓето дури веруваат дека селенитот има директна врска со ангелот чувар со сопственикот на каменот и во тешки моменти може да го повика на помош за да му го покаже вистинскиот пат во животот.
Се верува дека селенитот има и лековити својства, бидејќи иако е нежен, каменот има голема енергија. Меѓу лековитите способности се лекување на раните, ублажување на отоците и хематомите.
Ја зголемува еластичноста на лигаментите и подвижноста на зглобовите и затоа се користи при артритис и артроза. Лекува и болести поврзани со анемија. Прашокот од овој камен се пие за намалување на врелина и температура. Се смета дека добро делува на менталната состојба, особенопри депресија и психолошки пореметувања, затоа што го тера човекот да го гледа животот од позитивната страна. Помага и при лекување болести на белите дробови и дишните патишта. Тибетанските лекари го користат овој минерал за чистење на жолчката од камења. Египќаните го користеле правот од селенит измешан со мед и малку сок, за одржување на кожата, за намалување на брчки и зацелување рани.
Магичните својства на селенитот на човештвото му се познати многу одамна. Тој го прочистува умот и го ублажува стресот, затоа го користат луѓе кои се бават со ментални активности. Каменот ја подобрува концентрацијата, ја јакне вољата и спосбноста за памтење. Каменот има посебно влијание на креативните луѓе.
Каменот ја зголемува емоционалноста и љубовните чувства. Но селенитот не се препорачува за нежни, сентиментални личности, затоа што ќе ги направат уште помеки и сонувачи, а не е добро да се живее во илузија, туку во реален свет. Се препорачува да го носат луѓето во зидијачките знаци рак, шкорпија и риби, како и оние што се родиле за време на млада месечина.
Соња Стојановска
