Свет
Средба во Виена за иранскиот Нуклеарен пакт
06.04.2021 10:38
САД не гледа брз напредок со Иран...

Американскиот Стејт департмент со резервиран оптимизам околу индиректните разговори со Техеран во Виена за враќање кон Нуклеарниот пакт. Целта е да се постигне договор во рок од два месеца.
Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс потенцира дека им претстојат бројни сложени предизвици со Иран кој одбиваше тет-а-тет средба.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се повлече од Пактот во 2018 година и повторно воведе санкции за Техеран кој возврати со серија отстапки од обврските. Иран бара ЕУ да изврши притисок врз Вашингтон да ги укине казнените мерки.
