23 прекршувања на забраната за движење, 481 санкција за неносење маска

06.04.2021 10:40

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 22.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 23 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 481 прекршок.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.