Германски и американски компании заинтересирани за инвестиции во Македонија

20.03.2014 12:23

Неколку компании потврдија посети на Македонија во текот на следниот месец со цел да се финализираат нивните потенцијални проекти од аспектна соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и директорот на Дирекцијата за Технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, денеска ја завршија четири дневната посета на Германија, како дел од редовните роуд-шоу активности.

За време на посетата беа остварени средби со поголем број на компании со кои Дирекцијата за ТИРЗ е во постојан контакт и напредни преговори за инвестирање веќе подолго време, а дел произлегоа како резултат на владиното роуд- шоу во Германија организирано во соработка со „Фајненшал тајмс“.

Беа посетени германски и американски компании чие европско седиште е во Германија од автомобилската, машинската, електро индустријата и банкарскиот сектор во околината на Дизелдорф, Штутгарт и Франкфурт.