Ковид-19

Инцидент во Германија при полициска контрола во стан

06.04.2021 11:00

22-годишно момче е хоспитализирано откако паднало од четврти кат обидувајќи се да прескокне на соседната тераса за да се скрие од полицијата која интервенирала поради организирана забава.

Процесот на вакцинација се забрзува на глобално ниво, но мерките остануваат задолжителни. Во Германија инцидент при полициска контрола за почитување на рестрикциите.

22-годишно момче е хоспитализирано откако паднало од четврти кат обидувајќи се да прескокне на соседната тераса за да се скрие од полицијата која интервенирала поради организирана забава.

Од 19 април, Австралија и Нов Зеланд го укинуваат карантинот за патниците  меѓу двете земји. Поради пандемијата, Северна Кореја го откажа учеството на Олимписките игри во Токио.