ЈСП

Јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа до 20 часот

06.04.2021 11:43

Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Од денеска до 20-ти април, јавниот превоз  во Скопје ќе сообраќа до 20 часот, а билетарниците и центрите за персонализација ќе работат до 18.30 часот.

Режимот на јавниот превоз е согласно последната одлука на Влада за забрана на движење на населението во период од 20 до 5 часот, почнувајќи од денеска.

Од ЈСП потсетуваат дека и натаму не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, времено укинати се и трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) што сообраќаат до Средно Водно, туристичката линија „Сити тур“, а не работи ниту Жичарницата.