Бислимоски: Очекуваме приклучокот на природен гас да биде под 100 евра за домаќинство
Регулаторната комисија за енергетика најавува цена за приклучок на природен гас под 100 евра за домаќинство, со можност да може да се плаќа на рати. Лани е зголемена и потрошувачката на природен гас за 12,5%. Во изборот за партнер во развојот на дистрибутивната мрежа остануваат две турски компании...

Минатата година била рекордна според потрошувачката на природен гас. Во однос на 2019- та, потрошувачката била зголемена за 12,5 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика.
По дефинирањето на јавно-приватното партнерство за изградба на гасоводната мрежа, приклучокот за домаќинствата се очекува да чини помалку од 100 евра, со можност за плаќање на рати, информира бислимоски, нагласувајќи дека ова е основниот тендерски услов. Во крајната фаза од постапката, според информациите на Регулаторна, влегуваат две турски компании кои пројавиле интерес.
Главна цел на методологијата на Регулаторната комисија е во првите неколку години од работењето на идната компанија, да се гарантира одредена цена на природниот гас, а при тоа ќе се врши и контрола во првите четири години од работењето.
Марија Котовска
