Даниловски: Асимптоматските случаи не мораат да се тестираат пред да се вакцинираат
Многу често кај асимптоматските случаи и не само кај нив, не се развиваат антитела што ги прави серолошките тестови сосема невалидни, а и доколку некој во моментот на примање на вакцината е заразен, таа нема да му предизвика никаков проблем, вели епидемиологот Даниловски...

Асимптоматските и оние кои се заразени, а немаат никакви здравствени проблеми не мораат да се тестираат пред да се вакцинираат, вели за МТВ епидемиологот Даниловски. Многу често кај асимптоматските случаи и не само кај нив, не се развиваат антитела што ги прави серолошките тестови сосема невалидни, а и доколку некој во моментот на примање на вакцината е заразен, таа нема да му предизвика никаков проблем.
Не постои опасност да се вакцинираат и прележаните од Ковид-19, додава Даниловски. Дека вакцинацијата е единственото решение веќе не е дилема, бидејќи прележувањето е вистински „Руски рулет“. Британецот задава тешки удари дури и кај младата популација. Добро е што имунизацијата на населението е во тек, потенцира епидемиологот.
