Голема полициска акција

Уапсени десетина полициски службеници, дел од ланец за фалсификување патни исправи

06.04.2021 13:48

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Акцијата сѐ уште е во тек, потврдуваат од МВР. Најавија повеќе детали по нејзиното завршување...

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи. Акцијата сѐ уште е во тек, потврдуваат од МВР. Најавија повеќе детали по нејзиното завршување.

По повеќе од една година истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол ја спроведува оваа акција.

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со соопштение во кое наведе дека МВР овозможила балкански нарко- босови да се стекнат со македонски пасоши и лични документи.