Нема кодоши меѓу претседателските кандидати

20.03.2014 12:33

Комисијта за лустрација ја известила Државната изборна комисија дека меѓу четрите претседателски кандидати, Ѓорге Иванов, Зоран Поповски, Стево Пендаровски и Илијаз Халими нема соработници на тајните служби.

На Комисијата за верификација на фактите во периодот што престои и следи напорна работа бидејќи треба да го провери евентуалното кодошко минато на сите кандидати за пратеnици кои партиите и групите избирачи ќе ги предложат за престојните парламентарни избори.

Иако мандатот на Комисијата е истечен, лустраторите можат да проверуваат досеија се додека Собранието не избере нов лустрациски состав.