Започнаа градежните активности во Бањиче
Тетовци го поздравуваат ваквиот чекор. Требало на ова место кое е единствената пешачка зона за одмор и рекреација да се интервенира порано …

Започнаа градежни активности за заштита од ерозивни процеси кон пределот Бањиче, кои се сè почести особено за пешаците кои го користат ова место за одмор и рекреација. Граѓаните го поздравуваат ваквиот чекор кој според нив доцнел, општинските власти пак објаснуваат дека недоставале пари за овој проект.
Градежна механизација копа длабока во планината долж патот и пешачката зона кои водат до рекреативното место Бањиче. На најризичните места каде се појавуваат свлечишта ќе се прават каскадни системи кои ќе ја стабилизираат земјата, односно ќе спречат нејзино лизгање.
Тетовци го поздравуваат ваквиот чекор. Требало на ова место кое е единствената пешачка зона за одмор и рекреација да се интервенира порано.
Од Општина Тетово, велат дека се работи за сериозни зафати за кои недостасувале средства. Каскадните системи се само дел од големиот проект за заштита од свлечишта и поголема безбедност за пешаците и возачите.
Новиот пат и пешачката зона се изградија и проширија пробивајќи ја планината со стрмни косини предизвикувајќи големи свлечишта долж целиот коловоз кој води кон Бањиче предел на околу 3 километри од Тетово.
Зоран Димовски
