Груевски на самит на ЕПП во Брисел

20.03.2014 12:38

Самитот на Европската народна партија се одржува во пресрет на седницата на Европскиот Совет...

Премиерот Никола Груевски денеска ќе учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) кој ќе се одржи во Брисел, Белгија. Самитот на Европската народна партија се одржува во пресрет на седницата на Европскиот Совет.
 
Меѓу присутните на овој конгрес се и германската канцеларка Ангела Меркел, шпанскиот премиер Мариано Рахој, полскиот премиер Доналд Туск, премиерот на Унгарија Виктор Орбан, како и актуелниот претседател на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и претседателот на Европскиот Совет, Херман ван Ромпуј.
 
ЕПП е најголемата политичка партија на европско ниво, во која партиципираат 12 шефови на влади на држави од Европската унија. ЕПП е претставена и со 13 членови на Европската комисија и има најбројна пратеничка група во Европскиот парламент. Таа претставува најголема и највлијателна политичка партија на повеќе одлучувачки нивоа во Европската унија