Италија
Протести во Рим, демонстрантите се судрија со полицијата
07.04.2021 12:05
Според локалните медиуми повреден бил и еден полицаец. Демонстрантите протестираа без заштитни маски и побараа од Владата да им дозволи повторно да работат...

Сопствениците на ресторани и други граѓани незадоволни од епидемиолошки мерки на италијанската Влада, поради кои не работат со недели, се судрија со полицијата за време на протестите пред парламентот во Рим.
Според локалните медиуми повреден бил и еден полицаец. Демонстрантите протестираа без заштитни маски и побараа од Владата да им дозволи повторно да работат.
Властите соопштија дека нема да се толерира никакво насилство. Рестораните, барови и кафулињата во Италија ќе бидат затворени најмалку до крајот на април, а дозволена им е само шалтерска продажба или достава.
