КИЕВ

Украина инсистира на влез во НАТО

07.04.2021 12:10

Изјавата на Зеленски предизвика непосредна реакција од Москва, која тврди дека приемот на Украина во НАТО може дополнително да ја влоши ситуацијата во Донбас, каде што насилството се интензивираше последните денови...

Украинскиот претседател Зеленски го повика НАТО да го отвори патот на неговата земја да се приклучи на западниот воен сојуз.

Изјавата на Зеленски предизвика непосредна реакција од Москва, која тврди дека приемот на Украина во НАТО може дополнително да ја влоши ситуацијата во Донбас, каде што насилството се интензивираше последните денови.