Балкан

Снежна олуја во Далмација, делови на Балканот под снег

07.04.2021 12:31

Снег во Мостар, но и во делови на Далмација. Бура имаше во Каштела, мало гратче близу Сплит, а ваквото време во овие области не е вообичаено дури ниту во текот на зимските денови...

Во поголемиот дел на Балканот во текот на вечерта паѓаше снег.

Снег во Мостар, но и во делови на Далмација. Бура имаше во Каштела, мало гратче близу Сплит, а ваквото време во овие области не е вообичаено дури ниту во текот на зимските денови.

Снег и на улиците на Сараево, но и во другите делови низ БИХ. Метеоролозите сепак прогнозираат дека студеното време со врнежи нема да трае долго.