АстраЗенека

Оксфорд паузира со вакцинирање деца и тинејџери

07.04.2021 13:08

По контроверзиите поврзани со вакцината Астразенека, универзитетот „Оксфорд“ престанува да ја тестира врз деца и тинејџери поради сомневање за поврзаност со згрутчување на крвта кај помладите. Деца од 5 до 17 годишна возраст до сега учествуваа во тестирањето на вакцината на „Оксфорд“, кое што почна во февруари годинава...

Шефот на Светската здравствена организација Гебрејсус го нарече апсурден фактот што многу земји ширум светот сè уште немаат вакцини против коронавирусот.

По контроверзиите поврзани со вакцината Астразенека, универзитетот „Оксфорд“ престанува да ја тестира врз деца и тинејџери поради сомневање за поврзаност со згрутчување на крвта кај помладите. Деца од 5 до 17 годишна возраст до сега учествуваа во тестирањето на вакцината на „Оксфорд“, кое што почна во февруари годинава.

Неколку земји ја запреа вакцинацијата со Астразенека. Наспроти нив, Австралија бара од ЕУ да и ги испрати нарачаните три милиони дози вакцини од Астразенека. Бара да се деблокира извозот на повеќе од три милиони дози од вакцината. ЕУ, пак, го оспори тврдењето дека ја блокира испораката на вакцини во Австралија, која драматично заостанува во планот за вакцинирање, додавајќи дека не е одговорна за фактот дека Астразенека не ги почитува своите договорени обврски кон другите земји,

-„3,1 милиони дози од договорените вакцини на кои се потпиравме не стигнаа во Австралија. Тоа е едноставен факт. Математиката е јасна, 3,1 милион од вкупно 3,8 милиони дози не дојдоа во Австралија. Тоа очигледно имаше значајно влијание врз програмата за вакцинација се додека не се најдеме во позиција да ја употребуваме домашно произведената вакцина Астразенека“, изјави Скот Морисон, премиер на Австралија.

Според планот за испорака, 3,1 милион дози требало да стигнат во Австралија кон крајот на март.