Затворени угостителските објекти, угостителите бараат итна помош
Од денеска клуч на врата на угостителските објекти. До 20-ти април ќе бидат затворени за посетители. Ќе може да се врши само достава на храна или продавање преку шалтер. Угостителите бараат итна и директна финансиска помош. Дел од вработените се на принуден одмор. Затворени и фитнес- клубовите, обложувачниците, казината.

Повторното затворање на угостителските објекти и без финансиска поддршка го става во незавидна положба сектор, велат од Независната угостителска комора. Оттаму најавуваат дека дел од угостителите веќе ги подготвуваат отказните решенија. Ги почитуваат мерките, но бараат да работат со протоколи.
Тишина и во танцовите клубови. Тешко е да се изведе и онлајн часови но и надвор на отворено, вели претседателот на танцовата федерација. Павлески вели дека мерките се почитуваат, но неизвесноста е голема. Заразени членови во школите за танц речиси и да немало.
На удар на мерките се и бодибилдинг и фитнес центрите. Претседателот на федерацијата вели дека теретаните работат по строги протоколи, регистрираните клубови не претставуваат опасност.
Владата донесе пакет рестрикции за да се намали ширењето на коронавирусот и да се намали оптоварувањето на здравствениот систем. Полицискиот час на сила од 20 навечер до 5 изутрина.
Дијана Ценевска
