Ковид-19

Осум лекари од приватните болници од утре на располагање на јавно- здравствените установи

07.04.2021 15:31

Бројот на пациенти во болниците континуирано расте. Од утре, осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно- здравствените установи. Се договара реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети.

Македонскиот здравствен систем е под огромен притисок во третиот бран на коронавирусот. Бројот на пациенти во болниците континуирано расте. Од утре, осум лекари од приватното здравство се вклучуваат во поддршка на колегите од јавно- здравствените установи. Се договара реорганизација на системот и обезбедување на потребните капацитети.

Во ковид- центрите се лекуваат илјада 740 пациенти. Има околу 260 слободни болнички кревети. Во меѓувреме, продолжува имунизацијата со спутниковата вакцина, но и со „АстраЗенека“ за лицата над 77 години. Досега се имунизирани над 13 илјади луѓе.

Досега не се регистрирани посериозни реакции од вакцинирањето, освен два случаја на паничен напад.