Инспекциски совет

Инспекторите продолжуваат со интензивни контроли на терен

07.04.2021 15:49

Од Нова година до сега се затворени 78 објекти поради непочитување на протоколите. зминатата недела пазарните инспектори изрекле 34 прекршочни пријави, донесени се над 90 решенија за констатирани неправилности, напишани се 43 прекршочни платни налози...

5.236 надзори и контроли се извршени во периот од 29-ти март до 4-ти април од страна на седумте инспекциски служби. Инспекторите продолжуваат со интензивни контроли на терен и санкции за оние кои нема да ги почитуваат мерките. Од Инспекцискиот совет ги охрабруваат инспекторите да немаат толеранција кога е во прашање здравјето на граѓаните.

Од Нова година до сега се затворени 78 објекти поради непочитување на протоколите. Угостителската дејност трпи последици од одредени субјекти, велат од Државниот пазараен инспекторат.

Изминатата недела пазарните инспектори изрекле 34 прекршочни пријави, донесени се над 90 решенија за констатирани неправилности, напишани се 43 прекршочни платни налози.

Угостителите после 20 часот може да вршат достава на храна, но неопходна е дозвола за движење за време на полициски час, вели Пауновски. Потребно е да ги пријават и вработените во Државниот инспекторат за труд за ноќна работа.

 

Сунчица Николоска