Инспектори во Чаир уапсени за примање поткуп

20.03.2014 13:03

Делото го сториле што барале поткуп од внукот на Ибраим Исмаили, кој беше изрешетен во својот автомобил „мерцедес“ во Ченто...

Двајца инспектори и нивниот началник од одделот за Крвни деликти во СВР Скопје зеле поткуп од 2.000 евра. Полицијата  ги приведе кај трговскиот центар Чаирчанка.  Делото го сториле  со тоа што  барале поткуп од внукот на Ибраим Исмаили, кој беше изрешетен во својот автомобил „мерцедес“ во Ченто.
 
Внукот направил кривично дело , земајќи го пиштолот на Исмаили кој се наоѓал  во автомобилот, за да не го подигне полицијата. Бил затечен  на самото место од полициска екипа која го вршела увидот и му го одзела. Осомничените го манипулирале, се обиделе да му изнудат поткуп  за да не  му поднесат  кривична пријава .
 
„Пред 10-тина дена, оштетениот одлучи да го пријави случајот во полиција, по што беа преземени сите неопходни мерки и активности за докажување на делото, а една од мерките беше техничката обработка на парите коишто требале да бидат исплатени“, изјави Иво Котевски – помошник министер за односи со јавноста во МВР.
 
Синоќа двајцата оомничени се сретнале со оштетениот  во населбата Авто Команда каде ги примиле технички обработените  пари. Веднаш тргнале да ги раситнат банкнотите во Чаирчанка. Овде полицијата ги лишила од слобода. Кај  нив ги нашле  парите. За кратко време го уапсиле и нивниот претпоставен. Досега инспекторите не биле пријавувани.Тројцата заработија кривични пријави. 
 

Наташа Гркова- Петрушевска