Светски ден на здравјето

Филипче: Вакцинацијата е единствен начин да се победи вирусот

07.04.2021 16:13

„Ова е година на вакцинацијата“- Филипче со порака за Светскиот ден на здравјето. Убедува дека државата прави сѐ за да набави што повеќе дози. Полууспешен обидот со приватните болници за намалување на цената на услугите. „Жан Митрев“ ќе ја разгледа можноста, „Систина“ одбила...

Вакцинацијата е единствен начин да се победи вирусот – истакна министерот Филипче на Светскиот ден на здравјето. Вели, ова ќе биде година на вакцинација. Во период кога побарувачката за вакцини е огромна, а капацитетите за производство ограничени, државата прави сѐ за да обезбеди нови дози. Теренската имунизација трае, а се вакцинираат и лица во старските домови и установата за геријатриска медицина во Скопје и Битола.

Во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа припадници на АРМ, лекари и наставници. Дневно се аплицираат околу 2.500 дози. Вакцинацијата ќе продолжи и во сабота во сите пунктови.

По состанокот со медицинските директори на три приватни болници, договорено е осуммина нивни лекари да им помагаат на колегите во јавното здравство.

Филипче вели дека државата формално- правно, нема механизам да делува на приватните болници да ги намалат цените.

 

Анита Димитријевска- Велковска