ЦУК најави воведување број 112 за повикување помош
Центарот за управување со кризи најави воведување број 112 за повикување помош. Ќе може да се пријавуваат физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош. Биле обезбедени простории, се екипира тимот кој ќе работи на повиците...

За да не се прават пропусти како случајот со овчарот од Крива Паланка, кој го загуби животот, и да се помогне на луѓето на кои им е неопходна помош, Центарот за управување со кризи најави воведување број 112 за повикување помош. Ќе може да се пријавуваат физички напади, сообраќајни несреќи, пожари и медицинска помош. Биле обезбедени простории, се екипира тимот кој ќе работи на повиците.
Помошта што граѓаните денес ја бараат на броевите 192, 193 и 194 ќе биде концентрирана во еден број, тоа е бројот 112 како што е во цела Европска Унија. Од страна на Унијата донирани се околу еден милион евра за набавка на средства и опрема и обука на лицата кои ќе работат на овој број, изјави претседателот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека државата досега има обезбедено просторни услови и работат на селекција на луѓе кои ќе работат на овој број, односно приматели на повиците на линијата 112.
