ЕМА: Згрутчувањето на крвта е можна, но ретка нус појава од вакцината на „АстраЗенека“
Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството на вакцината ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица.
Европската агенција за лекови- ЕМА, потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта, меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците. Експертите велат- мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.
Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството на вакцината ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица.
Ризикот од тромбоза по вакцинацијата со „АстраЗенека“ може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид.
