Евроинтеграции

Димитров на средба со шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера

07.04.2021 18:44

Димитров го информираше шпанскиот амбасадор за континуираната посветеност на процесот на пристапување и ја претстави „Агенда: Европа дома“ со која се потврдуваат заложбите за испорака на резултати во приоритетните области...

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска оствари средба со амбасадорот на Шпанија во земјава, Емилио Лоренцо Сера.

Димитров го информираше шпанскиот амбасадор за континуираната посветеност на процесот на пристапување и ја претстави „Агенда: Европа дома“ со која се потврдуваат заложбите за испорака на резултати во приоритетните области од кластерот „Темели“, изразувајќи надеж дека одлуката за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија од март 2020 година ќе се ефектуира во пресрет на идниот европски самит.

„Оваа година е можеби клучна година за одржување на кредибилитетот на ЕУ во регионот, што е од стратешки интерес и за земјите-членки како можност за развој на модалитетите за продлабочување на билатералната соработка. Благодариме за поддршката на Мадрид, а имаме интерес и за техничка помош во клучните реформски области заради постигнување на одржливи резултати“, истакна Димитров, соопштува СЕП.

На средбата беше реафирмирана поддршката од шпанска страна за европската перспектива на државата за што е неопходно отпочнување на преговорите за членство со Унијата што е можно поскоро, а беше разговарано и за можностите за зајакнување на билатералната соработка помеѓу двете држави во главните реформски област, но и економската и инвестициската рамка.