Прес на Вардар пред натпреварот со Хамбург
20.03.2014 13:11
Македонскиот ракометен шампион одржа прес конференција во пресрет на првиот осминафинален натпревар во шампионската лига, против бранителот на трофејот германски Хамбург, кој се игра на 22 март во спортската сала “Борис Трајковски“ од 18 часот. Вардарци кои по четвртото место во “Ц“ групата ќе дебитираат во оваа фаза против најуспешната екипа во групната фаза, која постигна 9 победи со кои освои 18 бода. Тренерот Раул Гонзалес Гутиерез истакнува дека противникот е еден од најдобрите светски клубови, со големи звезди.

Македонскиот ракометен шампион одржа прес конференција во пресрет на првиот осминафинален натпревар во шампионската лига, против бранителот на трофејот германски Хамбург, кој се игра на 22 март во спортската сала “Борис Трајковски“ од 18 часот. Вардарци кои по четвртото место во “Ц“ групата ќе дебитираат во оваа фаза против најуспешната екипа во групната фаза, која постигна 9 победи со кои освои 18 бода. Тренерот Раул Гонзалес Гутиерез истакнува дека противникот е еден од најдобрите светски клубови, со големи звезди. Меѓу нив се Дувњак, добитник на признанието за најдобар светски ракометар во минатата година, потоа Канељас, Марковиќ, Џорџиќ и уште неколкумина одлични играчи, па затоа Вардар интензивно се подготвува да одговори на обврските за саботниот натпревар.
“За да оствариме позитивен резултат против европскиот шампион, ќе мора да играме трпеливо со подолги напади, да ја контролираме топката и да не дозволиме да правиме технички грешки, кои тие би ги казниле со брзи контри. Да одиграме максимално агресивно со поддршка на нашата верна публика. Неколку дена работиме на тактичко технички план и ќе продолжиме така до сабота, затоа што тие играат многу брз ракомет и ќе мора да ја менуваме тактиката на самиот натпревар, зависно од случувањата. Доколку го дадеме нашиот максимум и одиграме дисциплинирано, верувам дека може да направиме позитивен резултат“.
Слично размислува и капитенот на екипата, Филип Лазаров.
“Го дочекуваме европскиот шампион, кој освои најмногу бодови и имаше најмногу победи во сезоната од Лигата на шампионите. По Барселона, тие се најдобриот светски клуб. Но, тоа не не плаши туку не мотивира за да се обидеме да избориме најмалку една победа, со помош на нашите верни навивачи. Би било остварување на сонот, доколку успееме да гио елиминираме и да се пласираме во следната рунда. Можеби тие се технички подобри и побрзи од нас, но ние ќе бидеме поборбени. Сигурен сум дека ќе одиграме на највисоко ниво, и со енергијата која ни ја пренесуваат нашите верни навивачи, со добра игра ќе се радуваме на победа“.
Главниот град на Македонија беше единствениот на почетокот на фазата по групи со два претставника во елитното натпреварување. Скопје останува на ракометната карта на Европа со два клуба меѓу 16 најдобри на континентот, што е уште позначајно достигнување во историската сезона за македонскиот ракомет. Нашиот втор претставник во Топ 16 фазата Металург, во недела го дочекува данскиот Колдинг, исто така во спортскиот храм “Борис Трајковски“ во натпревар кој почнува во 17 часот.
