Министрите за здравство на ЕУ поделени за „АстраЗенека“
ЕМА претходно потврди дека е можно таа да предизвикува згрутчување на крвта...

Министрите за здравство на ЕУ и натаму поделени околу употребата на вакцината на „АстраЗенека“.
Земјите-членки се обидуваат да ги координираат ставовите за да се врати довербата на јавноста откако Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека е можно таа да предизвикува згрутчување на крвта.
Поради недостиг од податоци, Агенцијата не препорача конкретна старосна граница за имунизација со „Оксфордската вакцина“. Но, европските држави самостојно прават проценка и носат одлука.
Германија и Италија ја ограничија употребата за лица постари од 60 години. Франција и Белгија им даваат вакви вакцини на оние кои наполниле 55, а во Финска „АстраЗенека“ е дозволена само за постари од 65 години.
Во меѓувреме, 24 научници од Европа, САД, Австралија и Јапонија бараат ново истражување за потеклото на вирусот бидејќи, според нив, претходното било нарушено од политички агенди.
