СИРИЈА

Воздушни напади на Израел врз Дамаск, четири војници повредени

08.04.2021 10:38

Според државната телевизија, израелските проектили биле истрелани од соседен Либан и Голанската Висорамнина

Четворица сириски војници се повредени во воздушен напад на Израел во близина на главниот град на Сирија. Медиумите известуваат и за голема материјална штета во Дамаск, а жителите пријавиле дека слушнале неколку експлозии.

Според државната телевизија, израелските проектили биле истрелани од соседен Либан и Голанската Висорамнина. Најчести цели се локации поврзани со Иран.