Нереди во протестите против трговските бариери по Брегзит
Десетици полицајци се повредени при судир со демонстрантите во Белфаст...

Британскиот премиер Борис Џонсон изрази загриженост поради насилствата во близина на таканаречениот „Ѕид на мирот“ во Белфаст. Демонстрантите во пробританското подрачје запалија автобус и ја нападнаа полицијата со камења на протестите против трговските бариери по Брегзит.
Според Унионистите, со договорот се создава нова граница во Ирско Море, а револтирани се и од одлуката да не се гонат политичарите од „Шин Фејн“ кои не ги почитуваа антипандемиските мерки при погребна церемонија на поранешен командир.
Националистите, пак, ги обвинија Унионистите за поттикнување на тензиите со противењето за новите трговски аранжмани и повикот за оставка на на шефот на полицијата во регионот.
