Честитка од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Ромите
Пендаровски во честитката искажува почит кон нивниот придонес во збогатувањето на македонското мултиетничко и мултикултурно општество. Подвлекува дека сите заедно целиме кон градење на солидарно, праведно и слободно општество кое ја почитува различноста и човековото достоинство...

Добро здравје, среќа и елан за заеднички да ја унапредиме состојбата на ромската заедница во Република Северна Македонија- честитка од претседателот на државата Пендаровски по повод 8 Април ‒ Меѓународниот ден на Ромите.
Пендаровски во честитката искажува почит кон нивниот придонес во збогатувањето на македонското мултиетничко и мултикултурно општество. Подвлекува дека сите заедно целиме кон градење на солидарно, праведно и слободно општество кое ја почитува различноста и човековото достоинство.
Не само на 8 април, туку и во текот на целата година ја продолжуваме заедничката борба затоа што предизвиците, потребите и одговорностите на ромската заедница, како и на сите останати граѓани, се секојдневни, порачува преседателот Пендаровски.
