Ковид-19

Продолжува вакцинацијата во земјава

08.04.2021 10:59

Со вчерашните бројки вкупната цифра на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 137.728, на оздравени 111.765, а на починати 4.072. Бројот на активни случаи вчера изнесуваше 21.891.

Прдоложува процесот на имунизација на повозрасните лица и вработените во Армијата и образованието во земјава. Исто така, веќе неколку дена трае теренската вакцинација на стари лица сместени во болницата за Геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ во Ѓорче Петров и домовите за сместување стари лица во Скопје и во Битола.

Во двата дома „Сју Рајдер“ веќе е завршена вакцинацијата, а во тек е имунизацијата во домовите за стари лица во Битола и Скопје и во центарот за сместување на стари лица „Мајка Тереза“. Во следните денови ќе се вакцинираат и штитениците во домовите за стари лица во Куманово, Прилеп и Берово.

Според вчерашната статиститка на Министерството за здравство, направени 4.438 тестирања регистрирани се 1.302 нови случаи на Ковид-19, како и 626 оздравени пациенти и 51 починати лица, меѓу кои 80 проценти на возраст над 60 години, додека најмладата жртва е 32-годишник од Куманово.

Со вчерашните бројки вкупната цифра на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 137.728, на оздравени 111.765, а на починати 4.072. Бројот на активни случаи вчера изнесуваше 21.891.

Во меѓувреме Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и појавите на згрутчување на крвта, но нагласи дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Сепак, според експертите од ЕМА, мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Земјава минатата недела го прекина вакцинирањето на лица помлади од 60 години со вакцина „Астра Зенека“, следејќи го примерот на Германија и Канада, додека имунизацијата на граѓани над 77 години на пунктовите низ државата продолжи според планот и, како што тврдат надлежните, се одвива добро и без контраиндикации.