Ковид-19

Клиничката болница „Жан Митрев“ ги намали цените за лекување од Ковид-19

08.04.2021 11:11

Со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани, клиничката болница „Жан Митрев“ воведува намалени цени на пакети за лекување од Ковид-19...

Со цел да им излезат во пресрет на што поголем број граѓани, клиничката болница „Жан Митрев“ воведува намалени цени на пакети за лекување од Ковид-19. Од болницата информираат дека имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во Ковид центарот во болницата, одобруваат 50 отсто намалување и на други услуги.

„Нашите капацитети се во континуитет полни и имаме и листа на чекање. Во моментов се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка. За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги. Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на министерот за здравство“, стои во соопштението.

Од болницата апелираат до пошироката јавност и ги повикуваат сите кои се чувствуваат способни да помогнат и кои би сакале да волонтираат, да се пријават.