Масовна имунизација
Се вакцинираат наставниците од прво до трето одделение, следните денови и воспитувачките од градинките
08.04.2021 11:37
Вчера и денес треба да се вакцинираат 3.000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија, вели Филипче.

Одлично тече вакцинацијата на наставничките и наставниците од прво до трето одделение во салата „Борис Трајковски“- соопшти министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Вчера и денес треба да се вакцинираат 3.000 пријавени од оваа група. Со ова го заштитуваме образовниот процес кај децата со физичко присуство во најниските одделенија, вели Филипче.
Вакцинацијата следните денови продолжува со воспитувачките од градинките.
